Полицијата информира дека Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднела кривична пријава против Н.И.(41) од с.Кондово, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” по член 378 од Кривичниот законик.
Пријавената, иако немала положено возачки испит за Б категорија и немала возачка дозвола, набавила и искористила фалсификувана возачка дозвола за управување со моторни возила од Б категорија.