Ордановски: Францускиот предлог може да биде најдобриот што ќе го добиеме

од Nikola Popovski
340 прегледи

Мислам дека владата во Скопје не треба да излезе со став пред бугарската влада да излезе. Со оглед на хаосот во Софија, не знаеме што ќе биде судбината на предлогот во самата Софија и потоа што статус ќе има. Тоа е процедура што ја тераат во ЕУ и таа мора да заврши некакви фази. Ќе видиме што ќе биде денеска, утре, вели новинарот Сашо Ордановски околу предлогот на француското претседателство со ЕУ околу преговарачката рамка на Македонија.

Според него, жестоки се поделбите во Софија.

-Тој предлог може и да не помине во бугарскиот парламент. Моето чувство е дека овој предлог доаѓа како резултат на лошите политики на ЕУ, тоа не е ништо ново. Тука сме во фото-финиш со други земји кои бараат влез во Унијата. Таа е компликувано животно. Овој предлог, како што е даден, може да се случи да е најдобриот што ќе го добиеме. Треба да видиме што ќе бидат забелешките на владата. И да го усвои бугарскиот парламент, како ќе помине во самата ЕУ. Таму седат земји-членки кои во принцип не се согласуваат со бугарската позиција, речиси сите. Треба да бидеме свесни што потоа, додава Ордановски во емисијата „Само вистина“.

Новинарот смета дека самиот предлог е понеприфатлив за Софија, отколку за нас.

-Тоа се такви предлози, кога и двете страни не треба да бидат незадоволни. Се расчистува македонскиот јазик со Бугарите. Ќе биде признаен во една европска рамка, потенцира Ордановски.

Слични содржини