Тупанчески: На бизнисот му се потребни стабилно и превидливо деловно опкружување, независно и транспарентно судство

од Берта Китинска
173 прегледи

Министерот за правда Никола Тупанчески се обрати на панел дискусијата на тема,, Владеење на правото за економски раст”.

Осврнувајќи се на развојот и соработката на Македонско-Германското стопанско здружение, Тупанчески рече дека на бизнисот му се потребни стабилно и предвидливо деловно опкружување, ефикасни институции, независно и транспарентно судство. Бизнисот секогаш бара правна сигурност, стабилност и континуитет, а еден од основните предуслови е да функционира владеењето на правото.

Довербата во институциите е од клучно прашање и затоа треба да се преземат низа мерки, активности и промени кои ќе придонесат да се зајакне довербата во државата, но и во судството.. Еден од инструментите за зајакнување на довербата на граѓаните во судството и правната сигурност на компаниите е зголемување транспарентноста во работење на судовите.

,,Министерството за правда во последните измени на Законот за судовите и на Законот за судски совет, се раководеше меѓудругото и од овие постулати, се со цел да се обезбеди владеење на правото и воедно да ја зајакне правната сигурност на граѓаните и компаниите во судскиот систем. Подобрување на бизнис климата ќе се овозможи и со процесот на дигитализација на судството. Со неа ќе се забрзаат постапките на сите нивоа, ќе се намали корупцијата, ќе се олесни доставувањето на докази и документи, а ќе се подобри и комуникацијата меѓу засегнатите страни и институции”рече Тупанчески.

Слични содржини