Марсело ја продолжува кариерата во Милан!?

од Vladimir Zorba
185 прегледи

Бразилскиот фудбалер Марсело би можел да ја продолжи кариерата во Милано, Италија, пренесува шпанскиот спортски весник „Ас“.

Марсело неодамна го напушти Реал, откако помина 15 години во мадридскиот клуб. Со 25 пехари тој е најтрофејниот фудбалер во историјата на „кралскиот клуб“.

„Ас“ истакнува дека актуелниот шампион на Серија „А“ е заинтересиран за искусниот бразилски фудбалер, кој не очекува место како стартер во редовите на „росонерите“.

Марсело е свесен за годините, не очекува да биде првотимец, но наводно прифатил да биде замена за левиот бек Тео Ернандез. Тој треба да заработува три милиони евра по сезона во Милан, пишува шпанскиот весник.

Слични содржини