Со нож ѝ нанел повреди на поранешната сопруга

од Nikola Popovski

ОВР Прилеп го приведе С.А.(47) од Прилеп бидејќи со остар предмет ја нападнал поранешната сопруга.

-На 20.06.2022 во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.А.(47) од Прилеп затоа што претходно со остар предмет ја нападнал и ѝ нанел повреди на неговата поранешна 43-годишна сопруга.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Слични содржини