Османи: Шведска ќе ја зајакне безбедноста на НАТО во целина

од Nikola Popovski
187 прегледи

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи попладнево информира дека имал телефонски разговор со министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линде.

Тој упатил благодарност за континуирана посветеност на Шведска на процесот на проширување на ЕУ и процесот на интеграција на Македонија во ЕУ.

-Шведска има принципиелен став дека одлуките на Советот на ЕУ од март 2020 година, во однос на отворањето на пристапните преговори со нашата држава, треба да се спроведат што е можно поскоро. Силна поддршка за членството на Шведска во НАТО што ќе ја зајакне безбедноста не само во Северна Европа, туку и на НАТО во целина. Цврста посветеност да ги забрзаме сите процедурални чекори во нашето национално законодавство во врска со апликацијата за членство на Шведска во НАТО, било разговарано меѓу двајцата министри за надворешни работи.

Слични содржини