Спасени изгубени дехидрирани велосипедисти кај с. Кожле

од Nikola Popovski
306 прегледи

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска во попладневните часови на телефонскиот број за итни повици Е – 112 добиена е информација во врска со изгубени лица кои со велосипеди се упатиле кон селото Кожле и барајќи ја црквата стигнале до некоја голема карпа кое го спречила нивното движење па почнале да се спуштаат по некој дол.

-При тоа беше напоменато дека се дехидрирани но дека оствариле контакт со полиција која е во потрага по нив. Во 16.00 часот лицата се пронајдени и со возило се однесени до најблиското населено место, а екипа на Брза Помош им ја укажа потребната помош поради дехидрираност, соопштија од ЦУК.

Се додава дека тимот полицајци само до некаде можел да оди со теренско возило, а потоа два припадника на полицијата продолжила пешки да трагаат по изгубените, со кои стапиле во телефонски контакт.

-Полицајците пешки и самите изморени од многу топлото и спарно време, но упорни во потрагата за да спсат човечки животи, ги пронашле изгубените велосипедисти живи и здрави, околу 16.00 часот, но многу дехидрирани и снеможени, бидејќи ја испиле сета вода што ја носеле, а биле на терен цел ден. Затоа паралелно е контактирано со Брза помош за да дојде, додека ги извлекуваат, на договорена точка со спасувачкиот тим полицајци, на прооден пат за амбулантно возило, медицински да бидат згрижени и третирани во покус временски период. Припадниците на МВР, во оваа случја покажал големи квалитети и упорност, за да ги спасат изгубните во нашата, но сепак опасна природа при многу топло време, а и за да го скусат времето на помош, односно што побрзо да ги извлечат изгубените за да добијат на време медицинска помош. Додека Ве информираме, би требало целата акција да е завршена според податоците и информациите на ЦУК од координацијата на драматичната спасувачка акција во пределот после с. Кожле, појаснуваат од ЦУК.

Слични содржини