БГНЕС: Цар Самоил еден од условите за кревање на ветото

од Берта Китинска
294 прегледи

Францускиот предлог за решавање на спорот меѓу Бугарија и РС Македонија се состои од три независни елементи кои можат само целосно да одговорат на прашањето дали РСМ е подготвена да започне преговори за членство во ЕУ, пишуваат бугарските медиуми.

Со првиот документ, нацрт-заклучоците на Советот, се вели дека темата „билатералните односи Скопје-Софија“ ќе биде дел од преговарачкиот процес. Овој документ, како и вториот документ, преговарачката рамка, се однесуваат на трет, клучен документ – билатерален протокол, во кој нема ништо француско и е целосно производ на договор меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји, пишува БГНЕС .

Ова е всушност патоказ со конкретни заложби и чекори кои Скопје мора да ги исполни како возврат Бугарија да го укине ветото.

Понатаму медиумот пишува дека билатералниот протокол ја вметнува историјата како услов на преговарачкиот процес односно дека Скопје се обврзал да ја усвои веќе усвоената формулација од Заедничката историска комисија во врска со цар Самуил како бугарски крал, веднаш менувајќи ги знаците и натписите на неговите споменици во земјата и на Самуиловата тврдина во Охрид. Но, Досега овој Протокол не е потпишан и најверојатно ќе има дополнувања и појаснувања кои треба трајно да ги отстранат сите спорови меѓу двете земји кои се однесуваат на периодот од почетокот на 20 век до средината на минатиот век.

Но ова нема да биде единствениот протокол, наведува медиумот.

 

Слични содржини