Милевски ќе ја напушти владата доколку се прифати францускиот предлог

од Nikola Popovski
234 прегледи

Лидерот на ЛДП и министер за локална самоуправа Горан Милевски вели дека е разочаран затоа што смета дека ваквите предлози како францускиот требало да се искомуницираат меѓу политичките партнери.

-Можеби сметаат дека не сме некој важен фактор, но тогаш се излажале. Ако владата го прифати предлогот, моето место таму повеќе нема да биде. Не можам да седам со луѓе кои што прифаќаат позиции спротивни на моите размислувања. Не можам целокупната историја која сме ја изучувале во основно и средно образование сега да се измени и сега да докажуваме дека тоа е лажна историја, која што ни ја наметнале Комунистите. Дека тоа било нешто што не кореспондира со фактите и Бугарија да ни наметнува нова исотрија за цар Самоил, Св. Кирил и Методиј, за сите наши светци, ние сега да се откажеме и да кажеме дека се Бугари, изјави Милевски за ТВ Телма.

Милевски вчера побара билатералните спорови да не станат ввропски услови, како што спорот помеѓу Словенија и Хрватска не беше проблем за влез на Хрватска во ЕУ.

-Македонската евроинтеграција не смее да биде заложник на фрустрациите на Бугарија. Секое предлог решение мора да добие согласност од Македонскиот парламент. Јазикот не може да биде компромис, бидејќи тоа е веќе решено прашање со Преспанскиот договор, напиша Милевски на социјалните мрежи по повод францускиот предлог.

Слични содржини