Ќе ја напуштиме владата доколку се прифати францускиот предлог, велат од ДОМ

од Nikola Popovski
191 прегледи

Раководството на владеачката партија ДОМ денеска едногласно донеле став дека предлогот на француското претседателство со ЕУ е неприфатлив и Владата треба да го отфрли.

-Отворените прашања со Бугарија треба билатерално да се решаваат во добра волја, взаемна почит и согласно европските вредности. ДОМ останува на ставот дека за македонскиот јазик и идентитет не смее да се преговара. Сметаме дека овој предлог ќе го претвори пристапниот процес за членство на Македонија во ЕУ во бескрајна агонија и го доведува во неизвесност и самото започнување на преговорите, велат од партијата.

Во соопштението се додава дека доколку Владата го прифати овој т.н. француски предлог, ДОМ ќе ја напушти Владата и парламентарното мнозинство.

Слични содржини