179 сообраќајни прекршоци во Скопје, 17 возеле без возачка дозвола

од Nikola Popovski
237 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 68 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, а девет за минување на затворен сигнал – црвено светло.
Изречени се и девет мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, шест прекршоци за возач почетник, девет мерки за недавање предност на пешаци…