СДСМ е против зголемување на платите, обвинуваат од „Белата палата“

од Nikola Popovski
99 прегледи

СДСМ е против зголемување на платите, и не сака да се откаже од акцизата, а секаде во светот се укинуваат на даноците на горивата, обвинија утрово од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, пратениците од СДСМ и ДУИ гласале против предлогот на ССМ за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор од 2.800 денари.

-Пратениците од СДСМ гласаа против и намалување на акцизата на горивата за 50% и намалување на ДДВ од 18% на 5%. И тоа во време кога во Германија се намали данокот на горивата, а вчера и во САД претседателот Бајден побара од Конгресот суспензија на федералниот данок на горивата во период од 3 месеци.

Во Германија со намалувањето на даноците литар гориво е скоро иста цена како во Македонија, со 10 пати поголеми плати, а во САД горивото е далеку поевтино, но и таму се намалуваат даноците.

Само пратениците од СДСМ и ДУИ не сакаат да гласаат за повисоки плати и намалување на даноците и акцизата на горивата, стои во партиското соопштение од „Белата палата“.