Битиќи: Не ја земавме белјата со минималната плата, граѓаните заслужуваат достоинствен живот

од Nikola Popovski
247 прегледи

Не би кажал дека белјата е земена со минималната плата затоа што ако кажам ќе се побијам себеси како еден од луѓето кои што зборуваат дека нашите граѓани заслужуваат достоинствени плати. Ќе се побијам себеси кога ја зголемивме минималната плата до 18.000 денари. Останувам доследен. Секако треба да креираме услови за они да се продуктивни и ефикасни, рече вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Битиќи.

Приходите на граѓаните се битни за да бидат помалку погодени од економската криза.

-Дали некој се прашува што би било доколку граѓаните би продолжиле да имаат 9000 денари плата во вакви моменти. Не изедначуваме никого со никого, вели Битиќи во емисијата „Студио 10“.

Тој потенцира дека не може работната сила во земјава не може да се продава како евтина и да се креира сиромаштија.

-Упорно 20 години се креираше сиромаштија. Ние сменивме целосен курс. Сега се случува тоа што го нема претходно и има социјален дијалог. Тоа не можело претходно да се случи. Ние имавме договор, со минималната плата направивме исчекор, додаде Битиќи.

Слични содржини