Следете ги личните мерки на претпазливост при летување во Грција, советуваат лекарите поради новиот силен бран со Ковид-19.
Засега со висок ризик се островите каде има концентрација на туристи.
Секој втор тест на островот Миконос е позитивен на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство.
Повеќе од 30% се заразени со вирусот на островите Санторини и Милос, покажуваат резултатите од земените примероци.
На другите острови има зголемување на бројот на носители на вирусот, но во помала мера. Исклучок е островот Тасос со изолирани случаи на инфекција.
Властите ги информираат туристите за ризикот од инфекција за време на туристичката сезона, апелирајќи да се почитуваат познатите мерки, иако не се задолжителни.
Најризични места за инфекција се рестораните, покажуваат анализите на лекарите. Плажата е преполна и со туристи кои не држат дистанца.
Луѓето неколку пати се заразуваат поради силната активност на Омикрон 4 и 5, велат лекарите.
Министерот за здравство Плеврис рече дека бранот на нови инфекции досега не извршил притисок врз здравствениот систем.
Владата поради високите температури не размислува за враќање на маските до септември.