Зидан за ПСЖ: Никогаш не вели никогаш

од Vladimir Zorba
214 прегледи

Зинедин Зидан, често поврзуван со Пари Сен Жермен, не ја исклучи можноста еден ден да го преземе богатиот клуб. Француската легенда до пред неколку дена беше меѓу опциите за нов тренер на тимот, но на крајот управата избра да се обложи на Кристоф Галтие, а тоа допрва ќе биде официјално објавено.

Кандидатурата на Зидан за ПСЖ е донекаде контроверзна меѓу навивачите поради фактот што тој е роден во Марсеј и не крие дека локалниот клуб е во неговото срце.

Во интервју за „Екип“, Зизу беше запрашан дали еден ден ќе застане на чело на парижаните. „Никогаш не вели никогаш. (…) Како тренер, нема 50 клубови во кои би можел да одам. Има 2-3 можности“, одговори тој.

Зидан призна дека се надева дека ќе стане селектор на француската репрезентација. Ова би можело да се случи на крајот на годината, кога на Дидие Дешан му истекува договорот.

Слични содржини