Водечките италијански новинари јавуваат дека веќе завршила финалната средба меѓу луѓето од раководството на Јувентус и Рафаела Пимента, која го застапува Пол Погба по смртта на Мино Раиола.
Се околу враќањето на Французинот во Торино е веќе договорено и веста наскоро ќе биде официјално објавена.
Играчот од средниот ред ќе добива 8 милиони евра по сезона плус уште два милиони бонуси, вели Николо Шира. Договорот на Погба најверојатно ќе биде на четири години или 3 + 1 година. Ова е единствениот детал што треба да се разјасни.
Самиот Погба ќе пристигне во Торино помеѓу 5 и 8 јули за да ги помине лекарските прегледи и да го потпише договорот.
Според Фабрицио Романо, единствената желба на играчот била да се врати во Јувентус и поради оваа причина практично немало сериозни преговори со други потенцијални кандидати.
Инаку, се зборуваше дека Пари Сен Жермен, Реал Мадрид и Манчестер Сити сакале да го привлечат Погба.
Rafaela #Pimenta operativa nella sede milanese di #Juventus: incontro con #Cherubini per lavorare sul ritorno di #Pogba alla #Juve, discutere del rinnovo di #DeLigt e valutare la posizione di #Kean e #Pellegrini che potrebbero lasciare Torino in questa sessione di #calciomercato. pic.twitter.com/tCkLb9F1ST
— Giovanni Albanese (@GiovaAlbanese) June 23, 2022