Во Украина пристигна моќно оружје од САД: „За некои Руси ова лето ќе биде ПОСЛЕДНО“

од Stefanija Kuzmanovska
180 прегледи

Украинскиот министер за одбрана Oлексеј Резников денеска соопшти дека во таа земја пристигнале американски високомобилни артилериски ракетни системи (HIMARS).

– Му благодарам на мојот американски колега и пријател министерот за одбрана Лојд Остин за овие моќни системи! Летото ќе биде жешко за руските окупатори. И последно за некои од нив – објави Резников на Твитер, пренесува „Ројтерс“.

Според британската агенција, украинскиот министер за одбрана не навел како артилериските ракетни системи пристигнале во таа земја.