Бугарското МНР: Рама употребува навредливи квалификации, да го прилагоди своето изразување

од Nikola Popovski
266 прегледи

Бугарија отсекогаш била меѓу оние земји-членки на Европската унија кои ја поддржуваат европската припадност на албанскиот народ. Ја браневме европската перспектива на Албанија и почетокот на преговорите за членство во ЕУ, дури и кога беше многу потешко од денес. Ние се залагаме за тоа денес, и покрај се, во име на заедничката европска иднина. Сепак, не е првпат да слушаме неиспровоцирани остри, навредливи квалификации од еден шеф на влада, стои во соопштението на Бугарското министерство за надворешни работи како одговор на вчерашната изјава на албанскиот премиер Еди Рама.

-Жолчните квалификации со толку ниско јазично ниво повеќе не можат да се оправдаат со природата и недостатокот на европски комуникациски вештини. Очекуваме албанскиот премиер да го прилагоди своето изразување и јазик, како што соодветствува за политичар од земја-кандидат за членство во ЕУ, се вели во ставот на бугарското МНР.

-На ова ниво, повеќе од кое било друго, инсистираме на одржување на добар тон на комуникација. На ова ниво секогаш сме ја покажувале сета почит што бара одговорна позиција и ниво на меѓудржавни односи. Имаме заедничка иднина со Албанија. Политичарите си заминуваат. Нациите остануваат. Нашите народи имаат заеднички интерес, кој не смее да се поткопа со погрешна проценка на еден политичар. Недозволиво е односите меѓу државите да станат заложник на ексцентричноста на актуелниот албански премиер, соопштило тамошното МНР.

Рама вчера на самитот ЕУ-Западен Балкан неколку пати упати критички ставови кон Бугарија поради ветото за С. Македонија. Тој изјави дека е срамота што една земја на НАТО, Бугарија, „киднапирала“ две други членки, Северна Македонија и Албанија, на нивниот европски пат во време кога на Европа ѝ се заканува војна, при што 26 држави седат мирно, покажувајќи ја својата немоќ.

-С. Македонија нема да влезе во ЕУ утре или следната недела. Има уште толку време прашањето да се реши во иднина. Процесот како што е полн со трикови и замки и на секој агол ве чека замка и таму можат да ве запрат. Бугарија може да го користи тоа право со децении. Среде војна, да продолжите да се борите за нешто, ја трансформира ЕУ во една смешна реалност. 26 земји се парализирани и рацете им се врзани затоа што една земја воведува вето. Ова ме ужаснува.Жалам многу, рече Рама како одговор на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со Ковачевски и Вучиќ во Брисел.

Слични содржини