Ковид-биланс: Зголемување во бројот на новозаразени, нема починати лица

од Nikola Popovski
124 прегледи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, од направени 723 тестови, регистрирани се 108 нови случаи на коронавирус по градовите Скопје – 75, Битола – 7, Куманово – 6, Прилеп и Кавадарци – по 4, Струмица – 3, Тетово, Гостивар и Охрид – по 2, Велес, Штип и Гевгелија – по 1. Ваквите бројки значат благо зголемување во однос на вчерашниот ден, кога имаше 93 новозаразени.

Од вкупниот број на позитивни (108), регистрирани се 29 реинфекции.

Регистрирани сe 88 оздравени пациенти од: Скопје – 79, Битола – 5, Прилеп – 2, Пробиштип и Богданци – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, како и  согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се пријавени починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.075.632 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.360, бројот на оздравени пациенти е 303.498, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 540.

Слични содржини