Францускиот предлог не е земи или остави, ниту е ултиматум. Понудата од Макрон има добри и лоши страни, оценува универзитетскиот професор Ненад Марковиќ за емисијата Трилинг додавајќи дека уставните промени на кои инсистира Бугарија не смеат да бидат реализирани пред да се отворат преговорите.
Тој посочува дека никој не е наклонет кон бугарските позиции и нивната верзија за настаните.
-Да зборувате за идентитетски прашања во 21 век, на ретрограден начин не доликува на две земји кои претендираат да бидат во ист сојуз.Исто кажа и премиерот Ковачевски денес, мислам дека и лидерот на опозицијата меѓу редови се сложи дека треба да се остават идентитетските прашања, дајте да се поштедиме од лепење на стикери на Самуиловата тврдина или да поставуваме информативни табли. Денес секој има можност да прочита што се случувало на Википедија да ги прочита ставовите на двете страни и да избере на која страна ќе биде наклонет, вели Марковиќ.