По Садиo Мане, Ливерпул би можел да остане без уште еден напаѓач до крајот на преодниот рок.
Островските медиуми пренесуваат дека клубот од Енфилд е подготвен да го пушти Египјанецот Мохамед Салах по низата неуспешни преговори за продолжување на соработката.
Салах влегува во последната година од договорот со вицешампионот на Англија и финалист во Лигата на шампионите, а се помалку се чини дека ќе се договори за нов.
Затоа Јирген Клоп и неговите соработници се подготвени да дозволат Салах да го напушти клубот во случај на добра понуда.
Се верува дека понудата во висина од 70 милиони евра би можела да ги задоволи апетитите на раководството на „црвените“.
Како што стојат работите, најзаинтересиран за Салах е освојувачот на Лигата на шампионите, Реал Мадрид.
Салах продолжува да инсистира да добие големо зголемување на платата во Ливерпул, од 240.000 на 400.000 фунти, колку што заработува стоперот Вирџил ван Дајк.
Ливерпул летово веќе успеа да ангажира еден напаѓач, Уругваецот Дарвин Нуњез кој дојде од Бенфика.
Салах минатата сезона постигна 31 гол со 16 асистенции на 51 натпревар во сите натпреварувања во дресот на англискиот клуб.
Од 2017 година, Египќанецот со тимот на Јирген Клоп ја освои Премиер лигата, Лигата на шампионите, ФА Купот и Лига купот, како и Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство на ФИФА.