МВР: 292 санкции за возачи што возеле пребрзо

од Vladimir Zorba
133 прегледи

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 292 возачи.

Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 131 возило ја пречекориле брзината во населено место, а 161 надвор од населено место.

За време на акциската контрола санкционирани биле и 158 други видови прекршоци.