Левица: Избегната трагедија на автобус на „Дурмо турс“

од Nikola Popovski
256 прегледи

Партијата Левица денеска соопшти дека избегната е нова трагедија поврзана со автобус за превоз на патници. Според партијата, на 23 јуни 2022 година, на превозно возило на “Дурмо Турс” во возење му пукнало тркало и ги загрозило животите на околу 12 патници.

-На 19 февруари 2019 година, кај Ласкацри животот го загубија 16 лица токму во автобус на “Дурмо турс”. На 23 март 2021 година на судското рочиште за овој случај, сопственикот на фирмата Дурмуш Белули, посочи вина кај возачот, и ги одби обвинувањата за вршење притисок врз вработените во станицата за технички преглед да внесат неточни информации. Овој четврток, пред да се случи инцидентот со тркалото кој ги загрози животите на патниците, возачот го запрел возилото бидејќи веројатно почуствувал проблем при возењето. Но, знаејќи ги наводите на гореспоменатото рочиште, се поставува прашањето, дали возачот продолжил да управува со возилото поради притисок да го направи тоа?, прашуваат од партијата.

Левица потсетува дека минатата година ја одбележале низа човечки трагедии во кои објективно постои човечки фактор.

-Фактор, кој покрај техничка природа има и политичка димензија. Политиката димензија се однесува на мрежната поврзаност на коруптивни фирми и владејачките партии, кои заедно го делат пленот од нивната коруптивност, стои во партиското соопштение на Левица.

Слични содржини