Вест во последните два дена е одлуката на Врховниот суд на САД да го забрани правото на жените на абортуси, што инстантно доведе до бунт на пошироките маси во САД.
Контроверзната пресуда, која целосно ги менува животите, ја менува сегашноста и иднината на жените во САД, ја осудија бројни спортски власти, клубови, организации за правата на жените, а меѓу сите и двете професионални кошаркарски организации.
Во заедничкото соопштение на машката и женската НБА лига јасно и недвосмислено се вели дека се против одлуката на Врховниот суд на САД.
– НБА и ВНБА веруваат дека жените треба да бидат способни сами да носат одлуки во однос на нивното здравје и иднина, а ние веруваме дека слободата треба да се заштити. Ќе продолжиме да се залагаме за родова и здравствена еднаквост, вклучително и обезбедување дека нашите вработени имаат пристап до грижа за репродуктивното здравје, без оглед на нивната локација, се вели во заедничкото соопштение.
NBA AND WNBA STATEMENT REGARDING ROE V. WADE DECISION
NBA Commissioner Adam Silver and WNBA Commissioner Cathy Engelbert issued the following statement regarding today’s decision in Dobbs v. Jackson Women’s Health Organization: pic.twitter.com/P13MSouB5A— NBA (@NBA) June 24, 2022
Уште во септември, голем број истакнати спортисти, меѓу кои фудбалската ѕвезда Меган Рапино и кошаркарките Дајан Таураси и Сју Бирд, се приклучија на списокот од 500 колеги и групи кои го потпишаа поднесокот до судиите. Во тоа писмо, оваа група тврди дека правата на абортус помогнале за растот на женскиот спорт и изразува загриженост дека идните спортисти ќе бидат оштетени во случај на закон за укинување на абортусот.
Групата вклучуваше 26 олимпијци, 73 професионални спортисти и разни спортски здруженија.