Бектеши: Понудената цена на електрична енергија од ЕСМ е одговорна одлука

од Nikola Popovski
249 прегледи

Министерот за економија, Крешник Бектеши смета дека понудената цена на електричната енергија од страна на ЕСМ од 48 евра, не е ниту нереална, ниту политичка, туку одговорна одлука.

-Просечната цена за мегават час електрична енергија за периодот Јули-Декември 2022 година на берзите се движи околу 350 евра. Во услови на енергетска криза, како одговорна Влада, секогаш им излегуваме во пресрет на граѓаните, така и ќе продолжиме во иднина, потенцира Бектеши.

Министерот повтори дека со мерките кои што досега ги презела Владата, надоместени се 80% од фактурите за струја за домаќинства и над 60.000 компании се покриени од Владата.

-Во оваа насока ќе продолжиме и понатаму се со цел да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови, порача Бектеши.

АД ЕСМ денеска соопшти дека понудената цена на произведената електрична енергија од 48 евра за мегават-час за периодот јули-декември 2022 година се должи на енормното зголемување на цените на енергенсите на глобално ниво, како и нивната недостапност, особено во период на грејна сезона.

Цената за претходното шестмесечје, јануари-јуни 2022 година изнесуваше 41 евро за мегават-час.

Слични содржини