152 сообраќајни прекршоци во Скопје: 50 за пребрзо возење

од Vladimir Zorba
201 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 50 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, пет за минување на затворен сигнал – црвено светло.

Изречени се и 19 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, четири мерки за користење на мобилен телефон, 12 за технички неисправни и нерегистрирани возила…