Бугарија ја експлоатира моќта како земја членка на ЕУ да каже вие сте вештачка земја во суштина. Вие сте вештачка земја и вие сте само југословенска вештачка творба, но вашиот јазик и историја е базиран на нашиот бугарски идентитет и ние сме помоќни од вас, вели во интервју за РСЕ, Едвард Џозеф, предавач на Школата за меѓународни напредни студии Џон Хопкинс и познавач на состојбите на Балканот.
– Она на што можам да укажам е фактот дека личности во Бугарија за кои е познато дека имаат многу силни проруски афинитети како претседателот Румен Радев и како претходниот премиер Бојко Борисов имаат силна руска наклонетост. Тоа е под број еден. Под број два е дека бугарските експерти кои се од Бугарија ми велат дека има многу корупција. Многу коруптивни руски пари во Бугарија и ние знаеме дека ова е стандарден метод на операција. Дали јас Едвард Џозеф може да укажам и дa дадам доказ за некој криминалец кој го земал законот во свои раце- Не. Но, да кажеме дека е веродостојно, но исто така мора да се потсетиме дека е возможна доброволна природа на тие кои се подредени на Русија. Дури и да не добиваат некои инструкции нивната подреденост е антидемократска и проруска и тие го експлоатираат ова македонско прашање за да го постигнат тоа, вели Џозеф