Каевски: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дрско лажеа дека државата ќе се бугаризира

од Nikola Popovski
178 прегледи

Владата предводена од СДСМ е посветена на заштита на државните и националните интереси. Во решавањето на прашањата со Бугарија, за македонскиот јазик, за македонскиот идентитет, за македонската историја и посебност, нема и нема да има никакви преговори, уште еднаш повтори портпаролот на СДСМ и пратеник, Дарко Каевски.

Каевски на прес-конференцијата додаде дека целата домашна и меѓународна јавност сведочи на деструктивното постапување на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Пратеникот појаснува дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги засилија лажните вести и деструктивните постапки.

-Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дрско лажеа дека ќе се избрише македонскиот јазик, дека народот ќе биде асимилиран, а државата ќе се бугаризира. Тоа е срамно, неодговорно и недозволиво однесување на Мицкоски и ВРМО-ДПМНЕ со што нанесуваат штета на државните позиции и националните интереси. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мораат да покажат одговорност и да престанат да одработуваат за туѓи интереси, побара Каевски од најголемата опозициска партија.

Слични содржини