Русите тврдат: Украина нападна нафтена платформа на компанија од Крим

од Nikola Popovski
232 прегледи

Украинските сили нападнаа нафтена платформа во Црното Море во сопственост на нафтена компанија од Крим, објави во неделата новинската агенција Тасс, што е втор таков напад за една недела.

Платформата е управувана од компанијата Черноморнефтегаз, која беше одземена од украинскиот национален оператор за гас Нафтогас со помош на Русија за време на московската анексија на полуостровот во 2014 година.

„Тоа беше гранатирање од вооружените сили на Украина, нема жртви“, изјави за Тасс припадник на Кримската служба за итни случаи, но не соопштил повеќе детали.

Минатиот понеделник, претставници на Крим соопштија дека три лица се повредени, а седум лица се водат како исчезнати откако украинскиот напад ја запре работата на три платформи. Черноморнефтегаз е под санкции на САД и Европската унија.

Слични содржини