Манчестер Јунајтед се надева дека до крајот на неделата ќе го финализира трансферот на Френки де Јонг. Според новинарот Фабрицио Романо, „црвените ѓаволи“ ги засилиле преговорите со Барселона нудејќи фиксна сума од 65 милиони евра плус бонуси од 10 милиони. Претходната понуда на англискиот гигант вредна 60 милиони евра веќе е одбиена.
Од „Олд Трафорд“ се оптимисти дека овојпат ќе се постигнат договор и Барса ќе каже „да“. Дури и да се случи тоа, не е јасно дали самиот играч ќе биде подготвен да игра за Манчестер Јунајтед. Тој е среќен во Барселона и му се допаѓа стилот на игра на тимот под водство на Чави Ернандез. Покрај тоа, „црвените ѓаволи“ следната сезона нема да играат во Лигата на шампионите.
Како што е познато, Каталонците мора да продадат барем еден од своите главни играчи за да имаат доволно средства за нови засилувања. Затоа Френки Де Јонг е на пазарот, иако Чави се надева дека Холанѓанецот ќе остане во тимот.