Новиот бугарски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Георги Панајотов, кој беше вршител на должноста министер за одбрана во двете влади, минатата година, му ги предаде акредитивните писма на американскиот претседател Џо Бајден.
Тој за БНТ изјави дека се уште нема реакција во САД на одлуката што ја донесе бугарскиот Парламент минатата недела, во врска со укинувањето на ветото за членство на Република Северна Македонија во ЕУ.
„Нема притисок, јас сум тука од 19 мај, имав разговори со Стејт департментот и не еднаш. Се сретнав и со пратеници, со конгресмени минатата недела. Притисок дефинитивно нема, но во интерес на САД е да нема сличен проблем меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, но притисок немаше, изјави Панајотов.