Борел: Проширување и продлабочување на геополитичкиот императив на ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska
137 прегледи

Проширувањето повторно е високо на агендата на ЕУ, но со неговото заживување мора да се направат напори за реформирање на Унијата и нејзиното одлучување, бидејќи и проширената Унија мора да може да функционира, изјави денес високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Во авторски текст на веб-страницата на Европската служба за надворешни работи, тој посочи дека тоа може да се направи со стеснување на правилата за консензус во надворешната политика и во други области, за да може одлуките да се носат со квалификувано мнозинство.

„Проширувањето останува еден од најуспешните инструменти на надворешната политика на ЕУ, и иако има критики дека е премногу бавно или пребрзо, фактите покажуваат дека проширувањето е принципиелен начин на организирање на европскиот континент, при што ЕУ постојано расте од шест до денешните 27 членки“, изјави Борел.

Слични содржини