Сопственикот на „Азовстал“ ја тужи Русија, бара отштета од милијарди долари

од Vladimir Zorba
202 прегледи

Најбогатиот Украинец и сопственик на фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол, Ринат Ахметов, денеска поднесе тужба против Русија до Европскиот суд за човекови права, барајќи компензација за, како што наведе, милијарди долари деловни загуби поради руската инвазија.

Ахметов, во чија фабрика украинските борци со недели се спротивставуваа на руското бомбардирање, ја тужеше Русија за „тешки повреди на неговите имотни права“, објави неговата холдинг компанија System Capital Management (SCM), пренесе Ројтерс.

Во соопштението на SCM се вели дека Ахметов бара и судски налог за „да се спречи Русија да продолжи да спроведува блокади, грабежи, пренасочувања и уништување на житото и челикот“ произведени од неговите компании.

Слични содржини