357
Министерот за економија, Крешник Бектеши се огласи со реакција по повод денешниот инцидент во Собранието за време на седницата на Комисијата за европски прашања. Бектеши смета дека „политичар“ како Антонио Милошoвски никогаш не придонел ништо за државата.
-Освен поделба, национализам и омраза, ниту пак ѝ дал на Македонија нешто вредно што треба да се памети, единствено по што ќе остане запаметен во времето е кога за него Албанците не требаше да имаат образование уште помалку високо образование, напиша Бектеши на социјалните мрежи.
Министерот на крајот додава:
„Антонио твоето време одамна помина, за личност каква што си ти во држава која е членка на НАТО воопшто не би требало да има место на политичката сцена“.