Адеми го погодил Азири од Алијанса на Албанците со филџан (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
363 прегледи

Пратениците од Алијанса на Албанците (АА) вечерва на прес-конференција соопштија дека се потврди на дело дека „криминалот, корупцијата, уличарството на ДУИ се манифестираат со вандалски и насилнички акти“.

-Со или без намера беше погоден нашиот пратеник Елми Азири. Целото ова срамно сценарио почна со обидот за продолжување на судииите, преку шверцување на законот. Откако се спротивставивме, Адеми го навреди пратеникот Снопче. Побаравме да се извини, но такво нешто не се случи. Пратеникот Снопче повторно побара процедурална интервенција, што беше одбиено. Во знак на револт, ние пратениците од АА дојдовме до говорницата да го одбраниме нашето право на дискусија. Потоа следуваше срамот што го виде целата јавност од координаторот на ДУИ. Имаше многу случаи кога пратеници на ДУИ се покажаа, но сите видовме како бегаат од комисии кога треба да се заштитат граѓаните, рече координаторката на пратениците на АА.

Според објавеното видео од лидерот на АА, Зијадин Села, се гледа како Азири се држи за образот откако е погоден со филџан.

Слични содржини