Премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање за тоа зошто ретерира Владата, односно министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека не е отфрлен францускиот предлог, посочи дека ставовите кои ги искажал во Брисел се истите ставови во моментов.
„Во моментов нема ништо ново во однос на тоа што беше разговарано до денот кога беше прес конференцијата во Брисел , ставовите кои ги изреков се истите“, вели Ковачевски.