„Антиалбанец како Антонио Милошоски заслужува повеќе“: Азири доби кривична пријава од Милошоски

од Берта Китинска
250 прегледи

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири.

Функционерот на ДУИ Вaлмир Азири, државен секретар во Министерството за култура, синоќа преку Фејсбук му се закани и повика на физичко насилство над пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

„Антиалбанец како Антонио Милошоски заслужува повеќе. Мина времето на продавачите на магла. Новите генерации Албанци ќе им ги скршат рацете и нозете на сите што ќе се обидат да ги омаловажат Албанците“, напиша Азири на Фејсбук во реакцијата по вчерашниот инцидент на собраниската Комисија за европски прашања на која претседателот Арбр Адеми, во еден момент, почна да фрла предмети кон опозицијата.

Денеска постот го нема на фејсбук на профилот на Азири.

Слични содржини