269
Кристијан Ериксен размислува за понуда за договор од Лестер, тврди „Тајмс“.
30-годишниот играч играше во Брентфорд во текот на минатата кампања, но неговиот договор со тимот истекува за неколку дена.
За репрезентативецот на Данска опција е и Манчестер Јунајтед, а постои можност неговиот договор со лондончани да биде продолжен.
Играчот од средниот ред се пресели во Брентфорд во јануари, постигнувајќи еден гол и три асистенции на 10 натпревари во Премиер лигата.