Димовски:„2 806 денари се неопходни сега веднаш“

од Берта Китинска

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска излезе пред Министерството за труд и социјална политика за да го изрази незадоволството од законските измени кои предвидуваат недела да биде работен ден во туристичките места и потсети на барањето за линеарно покачување на платите за работниците од јавниот сектор за 2 806 денари.

-Денеска и се обраќаме на министерката да ги земе работите во свои раце, нас ни требаат фамилиите нас ни треба одмор, и ние работниците сме од крв и месо и сакаме и ние тоа право да го уживаме.Ова докажува дека 2 806 денари во моментот поради зголемената ангажираност кој го овозможува овој Закон за трговија се неопходни сега веднаш, затоа министерке ви се обраќаме на вас уште утре во Владата да го поддржите предлогот за линеарно зголемување за сите работници како и враќање на изгубеното право регрес во јавниот сектор, кажа порача претседателот на ССМ Дарко Димовски на денешниот протест.

Слични содржини