Беретини се повлече од „Вимблдон“

од Vladimir Zorba
272 прегледи

Минатогодишниот финалист на Гренд слем турнирот „Вимблдон“, Матео Беретини, нема да може да се натпреварува оваа година поради позитивен тест за коронавирус. Беретини, 8-мо рангиран на табелата на турнирот, ја објави веста на својот профил на социјалните мрежи.

„Разочаран сум што морам фа објавам дека морам да се повлечам од „Вимблдон“ поради позитивниот резултат за Ковид-19. Имав симптоми слични на грип и бев изолиран во последните неколку дена. Иако симптомите не беа сериозни, решив дека е важно да направам нов тест утрово за да го заштитам здравјето и безбедноста на моите колеги и на сите вклучени во турнирот“, напиша 26-годишниот италијански тенисер.

„Немам зборови да го опишам екстремното разочарување што го чувствувам. Мојот сон заврши оваа година, но ќе се вратам посилен. Ви благодарам за поддршката“, додаде Матео Беретини.

Од турнирот во Лондон ден претходно се повлече и Хрватот Марин Чилиќ поради позитивен тест за коронавирус.

Слични содржини