Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, беше конкретен по состанокот со агентот на Усман Дембеле, на кој конечно требаше да се реши иднината на Французинот.
„Не можам да кажам ништо. Се зависи од Дембеле“, сподели Чави.
Договорот на крилниот напаѓач истекува за два дена и тој ќе стане слободен играч доколку повторно не потпише. Двете страни не можеа да се договорат поради високите финансиски побарувања на Дембеле, кои Барса нема намера да ги задоволи.
Од опкружувањето на членот на француската репрезентација, исто така, не сакаат да направат отстапки и речиси е сигурно дека тој ќе го напушти „Камп Ноу“. Еден од кандидатите за неговиот потпис беше и Челси, но „сините“ од Лондон веќе се договорија со Лидс за Рафиња.
Минатата сезона Дембеле учествуваше на 21 натпревар во Ла Лига, постигнувајќи 1 гол и 13 асистенции.