Ѕвездата на Баерн (Минхен), Садио Мане даде интервју за „Билд“ призна дека Баварците и претходно биле заинтересирани за него, но немало сериозни преговори.
„Да, точно е дека во минатото имаше контакти меѓу Баерн и мојот агент. Отсекогаш сум му се восхитувал на овој клуб. Го следам Баерн уште од мојот период во РБ Салцбург, но тогаш немаше трансфер. Сега доаѓам во тимот со поголемо искуство. Ова е ситуација во која сите победуваат“, изјави Мане.
„Левандовски? Секако, тој е еден од најдобрите напаѓачи во светот, но јас не сум вистинската личност да ја коментирам иднината на Роберт“, изјави Сенегалецот.
Тој е задоволен што во Минхен ќе се сретне со неговиот сонародник Буна Сар. Дефанзивецот е на трансфер листата, но досега Баерн не добил понуда која ќе ги задоволи, а планираат да го задржат десниот бек за да му помогнат на Мане побрзо да се адаптира.
„Буна беше првата личност со која разговарав за Баерн кога се сретнавме во кампот на репрезентацијата. Игравме заедно во академијата на Мец. Тој е одлично момче, но неговата ситуација во клубот не е лесна. Го познавам и сигурен сум дека ќе се бори да добие уште една шанса“, изјави Мане.