Жестоките препукувања помеѓу пратениците во Собранието траеа до полноќ.
Расправата во салата била тензична дотаму што, пратеникот Бајрам Кадрија од ДУИ го држи и штити микрофонот на кој зборува Калеска-Ванчева, додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да го исклучат за да не се прогласи крај на седницата, бидејќи според нив, таа не била ниту започната.
Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ, во 1 часот по полноќ одржа и прес-конференција. Таа кажа дека не добиле процедурални обраќања бидејќи мнозинството пратениците имале за цел точно на полноќ да заврши расправата на комисијата.
– Немавме можност за процедурални забелешки и да ги кажеме дека овој закон не беше за во скратена постапка, ниту за на Комисијата за европски прашања. Расправа немаше на ниту една комисија. Се беше противзаконски. Во паника се. Вчера потклекнаа да извршат физички напад врз нас и наши колеги, денес исто се случуваше. Мора да знаат дека ќе ја сносат одговорноста. Се обидовме да ги вразумиме, побаравме пауза. Не ни дадоа, бидејќи морало да помине ова во 12 часот. Затоа ви ја честитам Среќна нова ’49 со оваа криминална и мафијашка власт. Нека го отворат шапањското и нека добијат само горчив вкус, бидејќи горчина има во сите кои очекуваат нешто од оваа власт која си поигрува со сите – кажа Стојаноска.