Ковачевски кон Николоски: Нашиот став во Брисел беше јасен и конкретен

од Берта Китинска
191 прегледи

Пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска на пратенички прашања го праша премиерот Димитар Ковачевскиза тоа дали смета дека во Македонија се живее добро и дали е време за оставка и предвремени парламентарни избори.

-Македонија, е пред национална катастрофа поради штетниот по националните интереси францускио предлог за решавање на спорот со Бугарија за кој,уште се водат преговор“, кажа Николоски.

На ова со одговор се јави и Ковачевски кој смета дека нема потреба од предвремени парламентарни избори.

„Негативен е мојот одговор на барањето за избори, а нашиот став во Брисел за францускиот предлог беше јасен и конкретен“, одговори премиерот.

Слични содржини