Москва: Негативно гледаме на плановите на Шведска и Финска за влез во НАТО

од Stefanija Kuzmanovska
148 прегледи

Москва има негативно мислење за плановите на Шведска и Финска за влез во НАТО, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, нагласувајќи дека проширувањето на Алијансата е дестабилизирачко и не придонесува за безбедноста на нејзините членки.

Тој оцени дека земјите од НАТО, како и Финска и Шведска, кои сакаат да влезат во Алијансата, всушност „донираат дел од својот одбранбен суверенитет на Соединетите Американски Држави“, пренесува РИА Новости.

Рјабков истакна дека проширувањето на Алијансата е дестабилизирачко и не придонесува за безбедноста на нејзините членки.

Слични содржини