179
Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Расел Вестбрук ја искористи клаузулата во договорот и ја продолжи на уште една сезона.
За последната година од договорот, Вестбрук ќе добие нешто повеќе од 47 милиони долари. Така тој стана вториот најплатен кошаркар во сезоната 2022/2023 по Стеф Кари (48 милиони долари).
Статистиката на 33-годишниот Вестбрук минатата сезона беше најлоша од 2010 година – просек од 18,5 поени, 7,4 скока и 7,1 асистенции за 34 минути поминати на теренот.