Де Јонг и понатаму одбива да ја напушти Барселона

од Vladimir Zorba
176 прегледи

И покрај информациите дека Барселона и Манчестер Јунајтед се се поблиску до договор за трансфер на Френки де Јонг на „Олд Трафорд“, самиот играч продолжува да одбива да го напушти својот сегашен тим. Така барем тврди каталонското издание „Спорт“.

Според изворот, Холанѓанецот е решен да остане во Барса и моментално нема намера да ја промени својата одлука. Самиот играч веќе ги известил двата клуба за своето мислење.

Секако дека Барселона и Манчестер Јунајтед ќе продолжат да се обидуваат да го убедат Де Јонг да се пресели на „Олд Трафорд“. Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг веќе разговарал со играчот од средниот ред, кого многу добро го познава, но и покрај ветувањата дека ќе биде еден од главните актери во проектот на стручњакот, се уште нема резултат.

И од „Камп Ноу“ сакаат трансферот да се реализира за да можат да ги остварат своите цели. Дополнително, според договорот на Де Јонг, неговата плата би требало значително да се зголеми за неговата четврта сезона на „Камп Ноу“. Клубот не може да си го дозволи тоа и доколку Де Јонг остане цврст во желбата да продолжи во Барса, ќе мора да ја намали платата.

Слични содржини