Лесно е да се бранат националните интереси дома, а тешко е кога тоа треба да се прави пред 27 земји-членки на ЕУ, кажа деенска премиерот Димитар Ковачевски од собраниската говорница во врска ос францускиот предлог.
– Некој треба тоа да го направи, како што го направив јас со моите партнери и со граѓаните. Сите граѓани се борат за својот идентитет, а на еден му припаѓа честа да го брани пред другите. Мене ми припадна честа да застанам и да го кажам тоа што го мислиме, кажа Ковачевски.