Барселона требаше да игра против Рома за „Жоан Гампер“ купот, но Италијанците се откажаа и сега Каталонците ќе бараат нов противник.
Натпреварот кој требаше да се одигра на 6 август е традиционален за Барса и тогаш клубот го претставува тимот за новата сезона.
Вчера Каталонците потврдија дека Рома се откажала од натпреварот и не дале објаснување за причините. Дури се зборуваше дека Барса би можела да ги тужи Италијанците за прекршување на договорот.
Шпанските медиуми денеска тврдат дека зад одбивањето на Римјаните стои Пари Сен Жермен.
Според оваа верзија, претседателот на ПСЖ и Европската асоцијација на клубови, Насер Ал-Келаифи и нагласил на Рома дека не се пожелни пријателски натпревари со клубовите кои ја поддржуваат Суперлигата.
Барса заедно со Реал Мадрид и Јувентус е последна која не се откажа од проектот кој започна со спектакуларен неуспех.