Ковачевски: Лично за пет пати би ја зголемил основната главнина за формирање кредитни друштва

од Nikola Popovski
218 прегледи

Јас како премиер согласно воспоставените стандарди не треба да се мешам во монетарната политика. Можам да коментирам во законската регулатива, бидејќи законите ги носи Собранието. Легитимно е прашањето за износот на профитот на банките, кој доаѓа од камати, бидејќи функционираат од парите на штедачите кај нив да ги даваат како кредити. Тоа е легитимно. Онаа банка со поголеми заштеди и поголеми пласмани, таа ќе има поголем профит, изјави премиерот Димитар Ковачевски како одговор на пратеничко прашање на пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

Легитимно е вашето прашање за провизиите на банките, додаде Ковачевски.

-Ќе ги повикам пратениците без исклучок, да го разгледаат законот за банки и низ јавна расправа во Собранието, да се утврди дало може да се направи интервенција во висина на апсоулниот износ на банките кој што не доаѓа од каматите. Ги споделувам со вас сите грижи во однос на кредитната заложеност на македонските граѓани во кредитните друштва. Врз основа на согледувања, разговарав со министерот за финансии, да се направат измени во зкаонот за финансиски друштва. Тие измени предвидуваат неколку работи, како на пример, основната главнина за формирање на финансиско друштво да биде неколкукратно зголемена. Наместо досегашните 100.000 евра, јас би ја зголемил за петпати. Секое финансиско друштво мора да има минимум двајца управатели. Секое финансиско друштво да има сектор за финансиски ризик, со оглед дека треба да се гледа на професионален начин, да не биде само на товар на граѓаните. Ова е надлежност на Министерството за финансии, потенцира Ковачевски.

Слични содржини